Реал Мадрид ќе ја брани титулата во Евролига

113

Реал Мадрид ќе ја брани титулата во Евролига. Шпанскиот тим го победи Олимпијакос со 87-76 и си закажа финална пресметка со Панатинаикос.

„Кралевите“ до победата дојдоа благодарение на добрата игра во првата четвртина, отворија одлично, овој период го добија со 28-10. На другата страна грчкиот тим се обиде да дојде до пресврт, го подигна нивото на игра, но немаше сили, а ниту простор за сензација.

Џанан Муса со 20 поени беше прв стрелец кај победникот, Хезоња имаше 12 поени. Кај Олимпијакос, Петерс имаше 20 поени.

ПретходноКрај од соништата: Ристовска со осум гола и донесе титула на ЦСКА Москва
СледноНово чудо на Дончиќ, Далас води со 2:0 во финалето на Западот (ВИДЕО)