Ернан Креспо го надмудри Хари Кјуел и успеа со екипата на Ал Аин да ја освои Лигата на шампионите на Азија.
Во реваншот од финалето на азиската Лига на шампиони, клубот од Обединетите Арапски Емирати ја „растури“ Јокохама со 5:1 и успеа да надомести за поразот од 2:1 од првиот меч и по вторпат во историјата стана шампион на континентот.
Ал Аин одигра одлична сезона, преку нокаут фазата ги елиминираше Ал-Наср и Ал-Хилал, супербогатите клубови од Саудиска Арабија, а во финалето покажаа дека сето тоа не е случајно…
Успехот на тимот на Креспо е поголем кога се знае дека дресот на Ал Аин го носат многу локални играчи, додека „странците“ се брилијантно одбрани како Мароканец Рахими, Лаб од Того или Каку од Парагвај. Ернан Креспо, некогаш феноменален напаѓач на Парма, Лацио, Милан, Интер, Челзи и многу други, го постигна својот најголем успех како тренер. Со триумфот во Лигата на шампионите, Ал Аин се пласираше на Светското клупско првенство во 2025 година.