Холандскиот тренер Ерик Тен Хаг го предводеше Манчестер Јунајтед до победа над Сити со 2:1 во финалето на ФА Купот. Со тоа „ѓаволите“ освоија трофеј и ја спасија сезоната. Тен Хаг изјави дека ќе продолжи да освојува трофеи дури и да си замине од Јунајтед.
„Два трофеи за две години не е лош ефект. Три финалиња за две години и не е така лошо. Треба да продолжиме да работиме. Не сум задоволен затоа што знам дека можеме и мораме подобро.
Ако не сакаат да ме гледаат овде (во Јунајтед), ќе одам на друго место и таму ќе освојувам трофеи. Кога дојдов овде, реков дека тука сум за да изградам тим и да освојувам трофеи, а јас ги правам двете работи истовремено. Ако не ме сакаат тука ќе го правам тоа на друго место“, изјави Тен Хаг.