Македонската фудбалска репрезентација по денешниот официјален собир пред контролните мечеви со Хрватска и Чешка, по попланедво го одржа и првиот полесен тренинг на терените на Тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Забележително беше дека на првиот тренинг во тимот на Милевски ги немаше Барди, Димитриевски, Зајков, Велковски, Шишковски, Ашковски, Трајковски…
Македонија против Хрватска ќе игра на 3 јуни, 19:00 часот во Ријека, додека против Чешка треба да играме на 10 јуни, 18:00 часот во Храдец Кралове.