Тренерот на Севиља, Кике Санчез Флорес застана во одбрана на својот колега од екипата на Барселона, Чави Ернандез, кој доби отказ од Барселона. Двата тима синоќа се сретнаа во последниот натпревар од сезоната, при што гостите од Каталонија забележаа победа од 2:1.
„Навистина го ценам Чави како тренер. Ја ценам титулата што ја освои минатата година. Го обожавав како играч како и сите вие. Изгледа дека е чесно момче кое кажува што мисли. Барселона има проблем и тоа не е Чави, тоа е Реал Мадрид“, изјави Флорес по натпреварот.