Далас може да биде посилен за германскиот кошаркар Макси Клебер во четвртиот меч од финалната серија на Западот против Минесота. Клебер се опоравува од повредата на рамото и добар знак е тоа што веќе им се приклучил на соиграчите на тренинзите на тимот.
Џејсон Кид не го исклучи појавувањето на Клебер на теренот во серијата со Тимбервулфс.
Клебер во плеј-оф серијата од првото коло имаше просек од 5,7 поени, 2,7 скока и 1,5 асистенции за 19,4 минути. Центарот Дерек Лајвли заработи повреда на вратот на третиот меч и најверојатно ќе го прескокне следниот дуел со Минесота.
Dereck Lively is not working out with the Mavs’ bigs, but the sight of Maxi Kleber doing increased court work is a positive. pic.twitter.com/QcxXnexutF
— Brad Townsend (@townbrad) May 27, 2024