Бохум и Елези останаа во Бундеслигата откако вратија негатива од три гола

499

Фудбалерите на Бохум направија чудо и успеаја да го потврдат своето место во Бундеслигата и за следната сезона. Вечерва во Дизелдорф, Бохум ше негатива од 0:3 од првиот меч на својот стадион и по подобро изведување пенали успеаја да останат во елитата.

Фортуна Дизелдорф во првиот натпревар како гостин го победи Бохум со резултат 3:0, но вечерва пред своите гледачи ја прокоцка предноста. Бохум возврати со иста сила и со ист резултат го доби мечот, кој немаше победник по продолженијата, па мораа да одлучуваат пеналите

Во нив одлуката падна во седмата серија, откако домашните имаа две, а Бохум само едно промашување.

ПретходноГром удрил во авионот на македонските одбојкари: Добри сме сите!
СледноБостон е во НБА финалето (ВИДЕО)