Сега веќе екс – тренерот на “Редси“ Јирген Клоп, е икона на Ливерпул. Германецот го врати сјајот на тимот на “Енфилд“. По цели три децении ја освои титулата во ПЛ, го освои и пехарот во ЛШ. Јасно е дека Клоп со “Редси“ можеше да дојде барем до уште два – три титули во ПЛ, но тука беше Сити, тим кој што во неколку наврати за „влакно“ беше пред Клоп и неговиот состав.
Сепак, допрва Манчестер Сити се соочува со судење, можно е поради кршење на финансискиот фер – плеј да му ги одземат титулите, а со тоа Ливерпул да биде побогат барем за уште две.
По ова Јирген Клоп имаше свој одговор до фановите на Ливерпул по прашањето дека ако на Сити му ги одземат титулите тој ќе се води како трикратен шампион во ПЛ:
„Ако биде така тогаш доаѓам на прослава. Ако организирате парада со автобус – тука сум. Колку и да трае, не ме интересира. Ни не бевме како Сити или Челзи, клуб со неограничен буџет. Можете ли да замислите Ливерпул во своите редови да ги има Мбапе, Халанд или Белингем. Тоа не ни лежи, ние се што со освоивме тоа го направивме на ливерпулски начин“.