Откако стивна славјето кај сите во Манчестер Јунајтед по освојувањето на ФА Купот и по победата над лутиот ривал Манчестер Јунајтед, според медиумите на Островот, следува нова „бура“.
Имено новиот газда или еден од сопствениците на Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, прави вистинска чистка, но не меѓу играчите туку меѓу вработените во клубот, а тие биле околу 1000 на број.
Тој сака да ги намали трошоците поради финансискиот фер – плеј и затоа им испратил мејл на сите вработени во клубот, а во него стои дека предвреме ќе бидат исплатен, и бонусите, на секого кој веднаш ќе ја напушти функцијата што ја има во клубот.
Рокот да се изјаснат бил наредната среда, а ваков мејл добиле сите во клубот освен играчите и тренерите.