Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.
Нашите момци се најдоа во групата Д заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а град домаќин ќе биде Вараждин.
Трите најдобри репрезентации од секоја група ќе одат во главната рунда, последнопласираните ќе играат Президент Куп.
За „црвено-жолтите“ ова ќе биде деветто Светско првенство, седмо по ред во својата историја.
Мундијалот ќе се игра од 14-ти јануари до 2. февруари.