Голманот на младата репрезентација Стефан Тасев е првото засилување на Тиквеш!

2919

Откако Ариан Ренер и Тиквеш не ја продолжија соработката и за наредната сезона, освојувачот на Купот на Македонија се одлучи за храбар потег. Имено го договори голманот на младата репрезентација на Македонија, Стефан Тасев и досегашен член на Вардар Неготино. Тасев во изминатиот период беше одличен на голот на тимот од Неготино, тоа го забележаа кавадарчани и успеаја да го ангажираат еден од нашите најталентирани голмани кој со само 19 години ја воодушеви фудбалска јавност во нашата земја.

No description available.

Инаку Тиквеш допрва ќе го промовира своето прво засилување. Како што велат нашите информации, клубот кој минатата сезона беше хит и кој ова лето ќе игра во Европа за првпат во својата историја, ќе доведе најмалку 3-4 нови имиња во своите редови.

ПретходноПрвиот противник на СП: Македонија може да биде многу незгоден противник!
СледноПознат е поширокиот список на јуниорската машка репрезентација