Оваа година ќе видиме неколку дебитанти во Европа, а меѓу нив и македонскиот освојувач на Купот – Тиквеш.
Меѓу новите клубови кои ќе заиграат во Европа е и еден клуб од Литванија кој се натпревару само две години, а веќе обезбеди настап во Лигата на конференции. Да одиме со ред.
Во декември 2021 година се формира нов клуб во Литванија под името ТрансИнвест, а од 2022 година обезбедува лиценца за да се натпреварува во Третата лига. Успешно ја помина и потоа заигра во Втората лига.
Завршија на првото место во Втората лига со 70 бодови и скор од 22 победи, четири ремија и четири порази. А клубот избори пласман во Европа поради тоа што триумфираше во Купот на Литванија. Го победи Шјауљај со 2:1 и освен што го освои првиот трофеј во историјата, си обезбеди билет за 2 квалификациско коло во Лигата на конференции.
Оваа сезона клубот првпат заигра во најсилната литванска лига. Моментално е на претпоследното место на табелата со четири победи, едно реми и 10 порази.
Ќе ги видиме како ќе поминат во Европа.
Според документацијата основач на клубот е шпедиторска компанија, а клубот е базиран во селото Галин кое нема стадион, а тимот игра во најблискиот град – Ширвинтос.