Светски шампион со Германија потпиша за австриски ЛАСК

487

Централниот бек Жером Боатенг е нов фудбалер на австриски ЛАСК од Линц. 35-годишниот поранешен фудбалер на Баерн Минхен потпиша договор до летото 2026 година.
Светскиот првак со Германија од 2014 и двоен освојувач на ЛШ со Баерн им се приклучи на „црно-белите“ како слободен фудбалер и ќе му помогне на тимот во новата сезона во која ќе игра во плеј-офот од Лигата на Европа.
Боатенг претходно играше за Салернитана, Херта, Хамбургер, Манчестер Сити, Лион и Баерн Минхен.

ПретходноЛаутаро му кажа „ДА“ на Интер – договор до 2029 година
СледноМекена остана во Ипсвич и покрај интересот од Јунајтед, Брајтон и Челзи