Голманот Мануел Нојер ќе се врати во германската репрезентација на помалку од две недели пред почетокот на Евро 2024, откако учествуваше на тренинг сесија на тимот во петокот. 38-годишниот голмна треба да се врати во игра за четирикратните светски шампиони за првпат по Светското првенство во 2022 година и тоа на пријателскиот натпревар со Украина во понеделник.
По завршувањето на турнирот во Катар пред речиси 18 месеци, Нојер заработи скршеница на ногата и паузираше речиси една година.
„Имавме одлични услови за време на нашиот тренинг камп, иако не сите играчи беа во можност да присуствуваат во целиот период поради финалето на Купот на Германија и решавачките натпревари во Лигата на Европа и Лигата на шампионите. Ги искористивме овие денови заедно и направивме сериозен напредок како тим“, изјавил германскиот селектор Нагелсман.