Кристал Палас се пофали со Данец за кого плати 23 милиони фунти

431

Англискиот премиерлигаш Кристал Палас го осигура четвртиот нов играч ова лето откако потпиша со данскиот централен бек Јоаким Андерсен. Тој доаѓа од Лион и со Палас потпиша петгодишен договор, додека лондонскиот клуб како отштета ќе плати 23 милиони фунти,.

Андерсен беше дел од селекцијата на Данска на ЕУРО 2020, а минатата сезона ја помина на позајмица во Фулам. Пред да дојде во Лион во 2019 година играше за Сампдорија и за Твенте како и за младинските екипи на Копенхаген и Митјиланд.

За Данска има осум натпревари.

Тој е четвртиот нов играч во Палас по бекот Марк Гуехи кој дојде од младинскиот тим на Челзи за 23 милиони евра, потоа Михаел Олис кој дојде од Рединг за 9 милиони евра и голманот Реми Метјус кој дојде од Сандерленд како слободен.

Досега Палас го напуштија Ван Анхолт (Галатасарај), Андрос Таунсенд (Евертон), Мамаду Сако (Монпеље), Вејн Хенеси (Барнли), Натаниел Клајн, Гери Кејхил, Скот Дан, Конор Викам, Сам Вудс кои се уште бараат клубови.

ПретходноХоландски репрезентативец го засили Галатасарај
СледноВучиќ на средба со Панчев: „Чест ми е што се сретнав со голем шампион“