Вечерва од 21 часот на култниот “Вембли“ се игра најважниот меч на клупски план во Европа, а тоа е финалето во Лигата на Шампионите. Борусија Дортмунд против Реал Мадрид, тоа е спектаклот што сите фудбалски фанови со нетрпение очекуваме да започне.
Кој ќе победи, Германците по вторпат ќе го кренат „ушлето“ во својата историја или Шпанците по 15.пат?
Останува да видиме некаде околу 23 часот или нешто по тоа.
“Кралевите“ се огромни фаворити, речиси никој да и им дава шансна на “милионерите“, Дон Карло и неговите момци знаат како с еигра финале, поточно не се игра туку се добива, тоа е девизата на “кралевите“.
Дортмунд знаеме како дојде до овој меч. Исто така знаеме дека нив “Вембли“ не им остана во убаво сеќавање и тоа поради финалето во 2013 година кога беа поразени од Баерн Минхен.
Ова ќе биде и битка меѓу Давид и Голијат, се знае кој е кој. Ова ќе биде битка за да се влезе меѓу бесмртните, и на крај ова ќе биде битка во кој победникот добива се а губитникот губи се што може.
Се разбира дека освен фановите на Реал сите останати ќе гледаат со симпатии кон момците на Терзиќ, нели секогаш се навива за послабиот, ноп кој може да ја отпише Борусија и нејзините амбиции.
Ова е еден меч, ова е финале, ова е спектакл…време е за вистинско уживање.