Французинот Фабио Квартараро е победник на денешната Мото Гп трка на патеката „Лусаил“ во Доха, Катар. Квартараро на Јамаха и ја донесе втората победа сезонава во кралската класа, откако на претходната триумфираше неговиот тимски колега Маверик Вињалес.
На втората позиција, по голема битка до последниот метар, втора недела по ред завршува Јоан Зарко од Прамак Дукати, а трет заврши Хорхе Мартин кој претходно беше најдобар во квалификациите. Самиот Мартин водеше во голем дел од трката, но беше претекнат од Квартараро во 19-тиот круг од вкупно 22.
https://twitter.com/MotoGP?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1378767953089470476%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2F2021%2F04%2F04%2Fd0bad0b2d0b0d180d182d0b0d180d0b0d180d0be-d0b4d0bed0bdd0b5d181d0b5-d0b2d182d0bed180d0b0-d0bfd0bed0b1d0b5d0b4d0b0-d0b7d0b0-d198d0b0d0bc%2F