Екипата на Пелистер на крајот на сезоната се раздели со седум ракомери. Од раководството на актуелниот македонски првак им се заблагодарија на Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски. Како што велат од таборот на битилскиот тим нивните договори се завршени.