Напаѓачот Ералдo Чинари ја напушта Шкендија. Клубот од Тетово објави дека со фудбалерот е договорен обостран раскин на соработката по една и пол година. Инаку Чинари беше најдобар асистент во Шкендија сезонава.
Чинари е поранешен младински репрезентативец на Албанија, а пред Шкендија играше во Самсунспор, Партизани Тирана и Влазнија од Скадар.
Инаку, вчера Шкендија објави дека засилување на екипата е десниот бек Александер Трумчи кој доаѓа од Билис.