Бостон го декласираше Далас на Дончиќ и поведе во финалето (ВИДЕО)

335

Во првиот финален натпревар во НБА-лига, Бостон на домашен терен го победи Далас со убедливи 107:89 и поведе со 1:0 во серијата од четири победи. Кај Селтикси најдобри беа Џејлен Браун со 22 и Кристапс Порзингис со 20 поени. На другата страна Лука Дончиќ одигра фантастичен натпревар, имаше дабл-дабл од 30 поени и 10 скока.

Од првата четвртина беше јасно дека Бостон има многу поголема широчина во ростерот и дека Далас покрај Дончиќ ќе мора да има уште најмалку двајца-тројца мотивирани играчи доколку сакаат да направат нешто на оваа игра. Почетокот на натпреварот беше тежок и ниту една екипа не можеше да направи голема разлика, но уште тогаш беше јасно дека големата предност на Бостон е многу поголемиот избор на клупата.

Во средината на првата четвртина, кога резултатот беше израмнет, влезе Кристапс Порзингис, потег кој се покажа како клучен. Летонецот ја одигра својата улога фантастично. Две блокади, три скока и 11 поени му донесоа на Бостон +17 (37:20) на крајот од првата четвртина. Пред крајот на првото полувреме, Селтикси дојдоа на +29 (58:29). Единствена светла точка кај Далас беше Лука Дончиќ со 17 поени во првите две четвртини, додека Порзингис постигна дури 18 во тој период од играта.

Во продолжение Далас не најде начин како да се врати, па својата среќа за прва победа ќе ја бара на следниот натпревар.

ПретходноТудор го напушти Лацио, на негово место доаѓа Консеисао!?
СледноЧаби Алонсо има големи планови за Реал, со себе ќе понесе еден играч од Баер