Лотито: Тудор бараше да сменам осум играчи – тоа е премногу!

371

По неполни три месеци, Игор Тудор повеќе не е тренер на Лацио. Хрватскиот тренер си поднесе оставка откако италијанските медиуми почнаа да пишуваат дека клубот ќе го замени. Иако за краткото време поминато во Рим постигна солидни резултати, хрватскиот стручњак не се сложи со челниците во Лацио.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито за италијанскиот портал „Ansa“ ја објасни својата одлука:

“Тој побара од мене да сменам осум играчи. Тоа е премногу за тим за кој сметам дека е на ниво. Но, тој си замина како угледна личност, сакам тоа да го нагласам. Важно е да бидеме конкурентни, и оваа година да не губиме бодовои од тимови од пониска класа како Салернитана, овој тим заслужи повеќе“.

Пред Лацио, Тудор во два наврати ги тренираше Хајдук и Удинезе, како и ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Верона и Марсеј. Како кандидати за негов наследник во Лацио се споменуваат Мирослав Клосе, Роберто Де Зерби и Масимилијано Алегри.

ПретходноЛевиот бек на Нирнберг нова надеж на Македонија
СледноРаде Стојановиќ го скрати списокот за ЕХФ ЕУРО