Пеп Гвардиола му донесе среќа против Далас (ВИДЕО)

552

Кристапс Порзингис блескаше во победата на Бостон Селтикс над Далас Маверикс 107:89. Селтикси на тој начин поведоа со 1:0 во финалната серија на НБА, која се игра на четири добиени натпревари. Летонецот се врати после повредата, тој се уште има болки, па против Далас играше со завој на десната нога и само 20 минути. Но, и покрај сето тоа постигна 20 поени, со 6 скока и 3 блокади.

Кога миленикот на навивачите на Селтикс се појави на теренот во Бостон Гарден беше пречекан со овации. Сепак на Летонецот најмногу му годеше еден момент, а тоа средбата со Пеп Гвардиола пред дуелот со Далас. Шпанскиот стратег го пратеше овој меч од првиот ред.

Гвардиола, голем фан на кошарката и навивач на Селтикс, дојде во финалето на НБА за да го посети Џо Мазула, тренерот на Бостон. Тој го посети Пеп во февруари во Манчестер бидејќи сакаше да го запознае најдобриот фудбалски тренер во светот. Потоа се фотографираа со Мазула облечен во дресот на Сити, а Гвардиола во Селтикс.
ПретходноРаде Стојановиќ го скрати списокот за ЕХФ ЕУРО
СледноL’Equipe тврди: Карабатиќ му ја спасил кариерата на Ѓоковиќ