Кирил Лазаров ќе биде специјален гостин на ЕХФ во Келн

798

Најдобриот македонски „бомбардер“ на сите времиња, Кирил Лазаров ќе биде специјален гостин на фајнл-фор завршницата во Келн, која стартува утре.

Иако Лазаров ја заврши својата кариера, сепак тој на европско и светско ниво постави бројки кои тешко можат да се достигнат. Тој е рекордер по бројот на постигнати голови во Лигата на шампиони, но и еден од најдобрите стрелци на фајнл-фор завршниците. Кире на оваа Топ листа е на второто место со 68 голови исто колку и Микел Хансен, додека два гола повеќе од нив има Алекс Гомез, кој лани го урна рекордот на Лазаров.

Во полуфиналето на ЛШ ќе се сретнат Магдебург – Алборг и Барселона – Кил.

ПретходноСлот пикираше еден од клучните играчи на Аталанта, Ливерпул нуди 45 милиони
СледноСаудиска Арабија нема да биде ветена земја за странските голмани