ЕХФ објави: Ф4 турнирот во ЛШ ќе остане во Келн до 2029!

139

Викендов се одржува Ф4 турнирот во ЛШ, исто во Келн во “Ланксес Арената“. Утре се играат полуфиналињата и тоа меѓу Магдебург и Алборг (15ч) и меѓу Барселона и Кил (18 ч). Финалето се игра во недела а судии ќе бидат нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Инаку денеска беше објавено, и тоа официјално од страна на ЕХФ, дека Келн ќе биде домаќин на Ф4 турнирот во ЛШ најмалку до 2029 година.

Едноставно тоа што е добро не треба да се менува.

Кога сме кај “Ланксес Арената“ и Келн, тие засекогаш ќе останат во вечно сеќавање на сите фанови на Вардар поради освоените титули во ЛШ во таа Арена во 2017 и 2019 година.

ПретходноБаерн Минхен ставил шест свои ѕвезди на трансфер – листа!
СледноШто ли гледа Пикси?!: “Подобри бевме од Австрија“! Фановите во Србија во шок!