Алонсо „краде“ 16-годишен талент на Барселона

305

Баер Леверкузен работи на трансферот на централниот дефанзивец на Барселона до 18 години, Андреа Натали, објави новинарот Фабрицио Романо.

„Каталонците“ му понудија нов договор на 16-годишниот Италијанец, но „фармацевтите“ се поблиску до негов потпис. Баер е подготвен да плати 1 милион евра за играчот.

Заедно со италијанската репрезентација до 17 години, Натали неодамна стана шампион на Европа. Четири од шесте натпревари ги одигра комплетно, додека на еден на теренот мина само 53 минути.

Андреа е син на поранешниот играч на клубот од Серија А, Чезаре Натали.

ПретходноМодриќ и компанија со втора победа до ЕП
СледноМурињо: Во Фенербахче дојдов затоа што ми недостасува борба за титула