Селекторот на романската фудбалска репрезентација, Едвард Јорданеску, го објави финалниот список на играчи кои ќе настапат на ЕП 2024 во Германија.
Двајца фудбалери од првичниот пошироксписок отпаднаа од комбинација по последните контролни дуели. Финалниот список изгледа вака:
Голмани: Флорин Ница (Газиантеп), Хорацио Молдаван (Атлетико), Стефан Тирновану (Стеауа).
Дефанзивци: Андреј Рациу (Рајо Ваљекано), Раду Дрегушин (Тотенхем), Бохдан Раковитсан (Ракув), Адријан Рус (Пафос), Јонуц Неделчару (Палермо), Андреј Бурке (Ал-Ахдуд), Василе Могос (ЦФР Клуж), Никушор Банку (Универзитет во Крајова).
Играчи од средниот ред: Дејан Сореску (Газиантеп), Мариус Марин (Пиза, Италија), Александру Чикелдо (Коњаспор), Резван Марин (Емполи), Николае Станку (Дамак), Денис Ман, Валентин Михејле (двајцата Парма), Јанис Хаџи (Алавес) Адријан Шуте, Дариус Олару, Флоринел Коман (сите Стеауа).
Напаѓачи: Денис Дрегуш (Газиантеп), Јоргос Пушкаш (Бари), Денис Алибек (Мајтер), Даниел Бирлиџа (ЦФР Клуж).
Во тимот на Јорданеску немаше место за Резван Сава (ЦФР Клуж) и Константин Грамени (Констанца).