Најдобриот македонски кошаркар во моментов, Ненад Димитријевиќ го заврши настапот за руски УНИКС Казан.
Како што денеска објавија руските медиуми. Димитријевиќ (26 години, 190 см) реши да ја искористи опцијата да излезе од договорот со рускиот клуб и кариерата да ја продолжи во друг тим.
Нашиот репрезентативец веќе се поздравил со соиграчите и наскоро очекува потврда на најавениот договор со Милан, каде треба да игра во наредните две години.
Димитријевиќ беше прогласен за најкорисен играч во последната регуларна сезона на ВТБ – лигата.