Ракометарите на Барселона се вторите финалисти во Лигата на шампионите, откако во второто полуфиналето на фајнл-форот во Келн убедливо го совлада Кил со резултат 30:18.
Барса утре во големото финале ќе се сретне со данскиот Алборг, кој претходно денеска го совлада актуелниот шампион Магдебург со 28:26.
Каталонците ќе играат за 12-та континентална шампионска титула, додека Алборг ќе ја брка својата прва.
Кил денеска беше целосно разочарување, затоа што не му беше рамноправен ривал на фаворитот. Ричардсон со пет погодоци го предводеше каталонскиот тим, додека за Кил Дувњак постигна четири гола.