Фудбалерите на Србија остварија спектакуларна победа во вечерашниот пријателски натпревар против репрезентацијата на Шведска со убедливи 0:3. Со оваа победа Србите најавија дека можат да бидат голема опасност за големите фаворити на претстојното европско првенство.
Резултатот го отвори Милинковиќ-Савиќ во 18-тата минута, Митровиќ зголеми на 0:2 во 60-тата, додека пак во 70-тата минута Тадиќ го постави конечниот резултат. Србите се оддолжија за неочекуваниот пораз против Австрија од пред неколку дена и ги израдуваа нивните навивачи. На овој натпревар и официјално играчката кариера ја заврши легендата на шведскиот и светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ.