Хрватската репрезентација оствари нова победа во пријателските натпревари во пресрет на Европското првенство совладувајќи ја Португалија со 1:2. Ова е втора врзана победа за Хрватска откако ја совладаа и нашата репрезентација пред 5 дена.
Лука Модриќ стрелаше од пенал во 8-мата минута и донесе водство за својот тим. Во 48-та минута Диого Жота го изедначи резултатот, но во 56-тата минута Анте Будимир повторно ја врати Хрватска во предност.
Оваа победа е добра увертира за Хрватска за европското првенство каде тие ќе се соочат со Шпанија, Италија и Албанија.