Симболот на Реал го остави Перез на чекање, па доби ултиматум

770

Откако конечно го официјализираа доаѓањето на Килијан Мбапа во своите редови и се договорија за продолжување на соработката со Лука Модриќ, Реал Мадрид сега мора да работи на решавање на случајот Начо.

Свеж од медалот во Лигата на шампионите, шести во кариерата, шпанскиот дефанзивец е пред крајот на договорот со Реал Мадрид и продолжување се уште не е на повидок.

Иако се уште ја ужива довербата на Флорентино Перез, 34-годишниот фудбалер остава сомнеж за неговата иднина. Се отиде до тој степен што Реал му постави ултиматум.

Според Marca, Начо добил понуда да го продолжи договорот за дополнителна сезона.

Сепак, познатиот весник прецизира дека оваа понуда важи само до 30 јуни. Дотогаш има две опции.

„Да искористи три недели за размислување и да даде согласност да остане или да се впушти во последниот предизвик во кариерата надвор од границите на Шпанија“.

Начо се споменува како една од метите на Ал Наср, а има контакт и со Интер Мајами.

ПретходноКаков крал: Мурињо „случајно“ го откри првото засилување на својот голем ривал
СледноЧудото од дете Ендрик му донесе драматична победа на Бразил (ВИДЕО)