Чудото од дете Ендрик му донесе драматична победа на Бразил (ВИДЕО)

473

Репрезентацијата на Бразил победи со 3:2 во пријателскиот натпревар против селекцијата на Мексико.

Переира и Мартинели донесоа водство од 0-2 на својата репрезентација, но Мексико успеа во самиот финиш да израмни на 2-2. Ендрик кој влезе од клупата со гол во 96-тата минута донесе победа за Бразил.

„Благодарен сум на Господ. Не играм само јас за овој тим, победата не ми припаѓа само мене, туку на целиот тим. Голот не го постигнав сам, тоа го сторив благодарение на овие момци“, изјави по мечот Ендрик.

ПретходноСимболот на Реал го остави Перез на чекање, па доби ултиматум
СледноФлик во проблеми – не може да регистрира девет играчи за следната сезона!