Британецот Џорџ Расел во Мерцедес го постави најбрзото време на квалификациите пред неделната трка за Големата награда на Канада, деветтата трка од светскиот шампионат во Формула 1, ја освои својата втора пол-позиција во кариерата на патеката Жил Вилнев во Монтреал со време од 1:12.000. Британецот возеше точно исто време како и ѕвездата на Ред Бул, Макс Верстапен, но прв го постави времето.
Ваква ситуација немало од 1997 година.
„Чувството е толку добро, толку многу труд е вложен во ова. Се надевам дека ова е почеток на нешто за нашата сезона и мислам дека е така. Ми недостасуваше ова чувство“, рече Расел. Од вториот ред ќе стартуваат пилотите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пијастри.
Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес е седми, додека дуото на Ферари, Шарлек Леклерк и Карлос Саинц ги зазедоа 11-то и 12-тото место.
Canadian Grand Prix lap time comparison between:
🇬🇧George Russell
🇳🇱Max Verstappen#F1 #CanadianGP pic.twitter.com/ixzSiolSYx
— FORMULA ADDICT (@Formuladdict) June 9, 2024