Начевски и Николов на центарот во Ланксес Арена: Традицијата е на страна на Барса, може ли Алборг до тронот?

220

Ланксес Арена е место кое секогаш носи интересни битки кога станува збор за фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони. По вчерашните полуфинални битки, денеска ќе биде познато името на новиот владател на Европа, во финалето силите ќе ги одмерат Алборг и Барселона, мечот е закажан со 18 часот. Во центарот на теренот ќе биде најдобрата македонска судиска двоја, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов за кого ова е прво финале во ЛШ.

Данскиот тим во своето второ учество на Ф4 ќе се обиде да дојде до првата победа против Барселона, откако во 2021 година беа убедливо поразени со 23-36.

Овие два тима до сег се имаат сретнато 11 пати во сите европски натпреварувања, сите мечеви ги има добиено каталонскиот гигант. Предноста на Барселона е во бројот на титулите, има 10, додека на другата страна Алборг во финалето има играно само еднаш. Она што треба да се истакне е дека Микел Хансен го игра последниот меч во својата кариера, па можеби токму овој податок може да биде дополнителен мотив за данскиот тим, својата кариера ќе ја заврши на ОИ во Париз.

Пред овој меч во битката за третото место ќе се сретнат Магдебург и Кил, меч кој почнува во 15 часот.

ПретходноПоради неговата клаузула, Атлетико може да остане без Гризман
СледноМурињо со прогноза: Пет земји ќе ја бркаат титулата на ЕП, Италија нема талент