Карлос Алкараз е победник на Ролан Гарос. Младиот Шпанец е новиот КРАЛ на Париз. Карлито попладнево во финалето успеа со 3:2 во сетови да го победи Александар Зверев и со тоа да дојде до првиот трофеј на овој гренслем турнир, еден од најсилните.
Финалето кое понуди врвен тенис траеше 4 часа и 20 минути можеше да се види се што е потребно за едно големо финале.
Првиот сет го доби Алкараз со 6:3 во гемови со што наговести дека го сака овој пехар. Сепак Германецот почна да игра навистина добро и успеа да ги добие двата наредни сета со 6:2 и 7:5, посебно третиот сет беше супер интересен, драматичен и возбудлив.
И кога се чинеше дека Зверев е поблиску до победата во финалето, Карлито одигра маестрално и успеа со пресврт од 1:2 да дојде до 3:2 и до конечна победа.
Секако дека на крајот следуваше голема радост и еуфорија во тимот на Алкараз како и кај него самиот.
The moment Carlos Alcaraz won his first Roland-Garros title 🏆🇪🇸#RolandGarros pic.twitter.com/a57JqQMJ1O
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 9, 2024