Македонската фудбалска репрезентација за мечот со Чешка (денеска од 18 часот) нема да смета на напаѓачот Бојан Миовски кој се повреди. Голгетерот од шкотското првенство нема да може да помогне поради проблеми со зглобот на ногата, па селекторот Благоја Милевски ќе мора да бара друго решение.
Инаку мечот со Чешка е втор подготвителен во јуни, а првиот против Хрватска со загубивме со 0:3.