Арапски клуб ќе ја плати најголемата компензација на тренер во историјата на фудбалот

1213

Ал Итихад од Саудиска Арабија може да му врачи отказ на својот тренер Марсело Гаљардо поради незадоволителни резултати на клубот. Аргентинскиот стручњак беше пред отказ уште пред еден месец, но ги доработи последните три натпревари од локалното првенство.
И покрај тоа Ал Итихад сакаат да го прекинат договорот на Гаљардо, но ако го сторат тоа ќе треба да му платат компензација од рекордни 30 милиони евра.
Екс-тренерот на Ривер Плата ги презема „жолто-црните“ минатиот ноември, а ги однесе до разочарувачкото петто место во првенството, ако се знае дека претходната сезона беа шампиони. На 33 натпревари тој има 15 победи, 4 ремија и 14 порази во сите турнири.

ПретходноГвардиола потврди дека не се враќа повеќе во Барселона
СледноПОЛУВРЕМЕ: Чешка не држи под опсада, мрежите останаа празни