Откако тројца навивачи на Валенсија добија затворски казни од по 8 месеци поради расизам кон Винисиус, се огласи и ФИФА, поточно претседателот на Светска куќа на фудбалот, Џани Инфантино.
Тој ја поздрави оваа одлука на шпанскиот суд:
„Задоволен сум што гледам цвста акција и казна која ја одредија шпанските власти по повод расистичкото навредување кон Винисиус. Тоа е позитивен чекор“ напиша Инфантино на Инстаграм.
Инаку ова е прва ваква одлука или пресуда во шпанскиот фудбал.