ОФИЦИЈАЛНО: Надал и Алкараз ќе играат во двојки на Олимписките игри

122

Селекторот на шпанската тениска репрезентација, Давид Ферер потврди дека Рафаел Надал и Карлос Алкараз ќе се натпреваруваат на турнирот во двојки на Олимписките игри во Париз ова лето.
Ферер и Анабел Медина (селектор на женската тениска репрезентација) ги објавија тениските адути на Шпанија на ОИ. Ферер ги потврди Алкараз, Надал, Пабло Карењо, Алехандро Давидович и Марсел Гранолерс.
Надал и Алкараз ќе играат во сингл но и во двојки. Во двојки ќе настапат и Гранолерс и Давидович.
Кај жените Сара Сорибес и Кристина Букса ќе играат и во сингл и во двојки. Паула Бадоса се откажа.

ПретходноКонечно – ја забележаа првата победа во квалификации после 21 година
СледноЕУРО 2024: Од Минхен до Берлин, распоред и сатница на сите натпревари!