Поранешен шпански репрезентативец заврши зад решетки

114

Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец Хавиер де Педро бил уапсен и одведен во затвор каде што ќе одлежи девет месечна казна поради родово насилство. Како резултат на претресот и налогот за апсење издаден од судот во Сан Себастијан, тој беше баран со потерница за отслужување на казната за малтретирање на жена. Неколку пати ја менувал адресата на живеење за да не биде уапсен.
Пред неколку дена друга жена го пријавила за малтретирање. Таа тврди дека поранешниот фудбалер ја нападнал и и ја скршил раката поради што морала да оди на операција.
И претходно Де Педро се соочил со законот. Пред 15-тина години бил фатен како вози пијан со истечена возачка дозвола. Но тогаш избегнал затворска казна.

Де Педро има 12 настапи за Шпанија во периодот меѓу 1998 и 2003 година. На клупски план играл за Сосиедад, Блекбурн, Перуџа, Гетеборг, Бургос и Ерготелис.

ПретходноНемања Гудељ: Секако дека можеме да ја победиме Англија, би играл и голман ако треба
СледноНајдобриот француски судија на отворањето на Евро 2024