ЕХФ ги објави конкурентите на Пелистер за вајлд-карта во Лигата на шампиони

673

ЕХФ денеска и официјално ги соопшти имињата на кандидатите за следната сезона во Лигата на шампиони. Еден од нив е актуелниот македонски првак, Пелистер. На списокот се најде уште 11 кандидати, а меѓу нив се: Загреб, Фредериција, Бидасоа, Нант, Пик Сегед, Елверум, Кјелце, Порто, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен и Татран Прешов.

ЕХФ ќе има состанок на 19 јуни, додека конечната одлука за седумте слободни места ќе биде соопштена на 21 јуни.

Сигурни учесници се: Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Фуксе Берлин, Веспрем, Колстад, Висла Плоцк и Спортинг.

ПретходноМеси категоричен: Не може да бидам насекаде!
СледноАнглија има најскапа репрезентација на ЕУРО 2024