Един Терзиќ разрешен од тренерската позиција во Борусија Дортмунд

2493

Управата на Борусија Дортмунд одлучи да бара нов тренер затоа што го разреши досегашниот лидер од клупата Един Терзиќ. Во текот на вчерашниот ден Терзиќ поднел оставка од раководството, а тие на денешниот состанок ја прифатиле.
Терзиќ со Борусија до освои Купот во 2021 година, заврши втор во Бундес лигата во 2023 година, а оваа сезона играше во финалето на Лигата на шампионите. Претходно тој работеше како помошник.
„По финалето на Вембли барав состанок затоа што по десет години во БВБ почувствував дека ми треба рестарт и дека треба да работи некој друг“, изјави Терзиќ.

ПретходноАнглија има најскапа репрезентација на ЕУРО 2024
СледноПродолжување на една соработка и една разделба во ГРК Охрид