Од источен Бразил до источен Лондон. Луис Гиљерме е новото засилување на Вест Хем кој доаѓа од редовите на Палмеирас за сума од 25 милиони евра. Се работи за 18-годишен крилен фудбалер кој стави потпис на договор до 2029 година.
„Чеканите“ победија во трката со уште неколку премиерлигаши. Гиљерме е репрезентативец на Бразил до 20 години.
„Лопетеги (новиот тренер) ми го покажа проектот и верувам дека ќе научам многу од него. Тој беше селектор на Шпанија и работеше во големи клубови, па затоа сметам дека ќе ми помогне во развојот на кариерата“, рече меѓу другото 18-годишниот фудбалер.