Данило е новиот капитен на Бразил!

104

Дефанзивецот на Јувентус, Данило, ќе ја носи капитенската лента во репрезентацијата на Бразил за време на Копа Америка. Тој ќе ја преземе лентата од дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос.

Дефанзивецот на Јувентус всушност ќе биде капитен на „кариоките“ на претстојното издание на Копа Америка, кое ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.

„Тоа е остварување на сонот“ – изјави Данило. „Оваа улога на почетокот на циклусот ме прави среќен“ , дополни тој.

Данило за првпат ја носеше капитенската лента за време на пријателскиот натпревар одигран на „Вембли“ против Англија на 23 март.

ПретходноЊукасл се пофали со првото летно засилување – дојде дефанзивец од Борнмут – и тоа бесплатно!
СледноДинамо (Б) нема пари да го задржи Велковски, репрезентативецот повторно оди на Блискиот исток?