По повредите кои ги имаше во изминатиот период, нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски денеска имаше успешна операција на десниот колк. Операцијата беше направена во Минхен, Германија.
„Сакам да ве информирам дека операцијата на десниот колк помина добро. Сакам да му се заблагодарам на мојот доктор, професорот Мајкл Динст и неговиот персонал, кој се грижеше за мене. Ви благодарам за поддршката! Наскоро ќе се вратам посилен на теренот“, напиша Калин Ивановски на својот официјален Инстаграм профил.
View this post on Instagram