Договорот меѓу Динамо Букурешт и Дарко Велковски нема да биде продолжен. Барем такви се најавите на директорто на Динамо (Б), Андреј Николеску. Тој за романските медиуми изјави дека шансите македонскиот дефанзивец да продолжи во Динамо се минимални.
„Ќе биде многу тешко да се продолжи договорот. со Дарко Велковски. Ни требаат централни бекови. Ако не три, дефинитивно ни требаат двајца“, изјавил Николеску.
Нашиот репрезентативец дојде во Букурешт во јануарии одигра 16 натпревари со прилично високи оценки. Стартерот во репрезентацијата на Македонија, на маса има неколку крајно примамливи понуди од арапските земји, каде веројатно повторно ќе замине.