Во Германија очекуваат една милијарда евра приход од ЕУРО

82

Европското првенство може да донесе 1 милијарда евра во касата на Германија, пишува Ројтерс. Земјата-домаќин на првенството очекува слични приходи од илјадниците странски туристи кои патуваат за фудбалски натпревари.

Најголема корист од Евро 2024 ќе имаат секторите на трговијата на мало, објави водечкиот институт за економски истражувања во земјата.

За време на турнирот се очекуваат повеќе од дополнителни 600.000 странски туристи и 1,5 милиони дополнителни ноќевања, според пресметките на институтот врз основа на бројките од Светското првенство во 2006 година, чиј домаќин беше и Германија.

Германскиот тим вечерва со меч против Шкотска го отвора Евро 2024 година.

ПретходноБарса создава супер-тим: И Пантер се сели во каталонскиот гигант!
СледноБутел Скопје потпиша млад ракометар, ново име и во Прилеп