Швајцарија стартуваше со победа – Дуах со гол на ЕП, а дебитираше пред 11 дена (видео)

151

Швајцарија тргна со победа на Европското првенство 2024. Швајцарците ги освоија бодовите со победата над Унгарија со 3:1 во мечот од групата А одигран на „Рајн Енерџи“ стадионот во Келн.

Швајцарија водеше со 0:2 на полувреме и во второто полувреме оддолеа на нападите на Унгарците и така ги впишаа бодовите. Првиот гол го постигна Квадво Дуах во 12 минута, а пред крајот на првото полувреме зголеми Микел Ебишер. Дуах, кој има 27 години, го постигна првиот гол за репрезентацијата на ЕП, а дебитираше пред 11 дена.

Во вториот дел играта на Унгарците се подобри, во 66 минута на асистенција на Собослаи, гол постигна Варга. Унгарците притиснаа уште повеќе, а Швајцарците ставија точка на мечот во финишот кога по еден контра напад и грешка на еден противнички дефанзивец, Брил Емболо ги постави конечните 3:1.

Германија и Швајцарија имаат по три бода, Унгарија и Шкотска се без бодови.

ПретходноДортмунд обоен во црвено и црно – илјадници навивачи на Албанија низ улиците
СледноУрнат рекорд – Јамал стана најмладиот играч на Европските шампионати