Германскиот репрезентатиц со српско потекло, Александар Павловиќ го продолжи договорот со Баерн Минхен до 2029 година. Ова официјално утринава го објквија “баварците“ на своите социјални мрежи.
Интересно, Павловиќ имаше понуда да игра за Србија, но тој ја одбра Германија и беше ставен на списокот за ЕП. Сепак за негова голема жал и тоа пред стартот на првенството се разболе, па селекторот Јулиан Нагелсман мораше да повика друг играч место него.
Von klein auf Rot und Weiß ❤️🤍
🥰 Aleksandar Pavlović verlängert bis 2029
🔗 https://t.co/67OumkQoQD#Pavlović2029 #MiaSanMia pic.twitter.com/8GtnKQEtR0
— FC Bayern München (@FCBayern) June 16, 2024