Жута официјално во Валеренга

516

Леонард Жута и официјално има нов клуб. Левиот бек е нов член на тимот на Валеренга од Норвешка, со што дефанзивецот се враќа во Скандинавија.

Тој изминатиот период беше дел од тимот на Лече, но од таму и тој како и Бобан Николов летово си заминуваат.

Жута е екс Македонски младински но и сениорски репрезентативец кој го загуби овој статус, во мандатот на Игор Ангеловски.

Настапуваше уште и за екипите на Хакен, Ријека и Коњаспор.

 

ПретходноЛиверпул се „вмешува“ во трката за Локатели
Следно“Еколог“ спрема голема чистка во Шкендија!